Утре се спрема хип-хоп свадба, се мажи Нина Јанева

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последен ден како госпоѓица Јанева, пишува денеска македонската пејачка Нина Јанева, која утре ќе се омажи за нејзиниот сакан Александар.
Последен ден како мис Јанева, пишува денеска македонската пејачка Нина Јанева, која утре ќе се омажи за нејзиниот сакан Александар.

„Јас сум за некласична свадба со вистински луѓе. Ќе има и традиционална македонска музика, секако без турбофолк и непотребни моменти. Семејството на Александар е големо, речиси двапати поголемо од моето, што значи дека планирам провод за сите генерации. Планот ми е вечерта да ја носат неколку наши познати диџеи кои ќе пуштаат back to back олдскул хип-хоп. Тоа е мојата замисла за неконвенционална свадба“, изјави Јанева неодамна во интервју за Женски магазин.

Лани во мај ја објавивте свршувачката со Александар. Кога ќе ја официјализирате врската?

Нина– Јас и не сум некој свадбар. Но, секако ќе има свадба. За датумот уште не размислуваме бидејќи сме во фаза на средување на домот и планови за стартување сопствен бизнис. Веројатно ќе биде некаде кон септември.

Како се запознавте со Александар?

Нина- Александар и неговиот брат Боби беа во друштвото на другар ми Дејан со кого пред шест години одлучивме да настапуваме во живо и на кого, патем, му должиме пар чевли или патики како што е редот. Една ноќ разговори беа пресудни да знам дека има едни очи во ова друштво, што ги сакам за себе. Беше многу тивок. Станавме многу добри другари. Деноноќно заедно. Заради недоразбирање, по две години престануваме да комуницираме. Во септември 2015, Александар се врати од странство каде живееше и работеше неколку години и се врати во мојот живот. Среќата беше неизмерна.

Како Ве побара за жена?

Нина- Во приватност. Онака како што замислував дека еден ден ќе се случи. Стигнав од настап од Тетово околу еден часот по полноќ. Живееме заедно и ме изненади што сè уште беше буден. Среќата што ја почувствував во тие моменти и која од ден во ден ми е сè поголема посакувам сите да ја доживеат. Александар ми го подари најубавиот момент во животот, благодет да почувствувам вистинска љубов. Прифатив низ солзи и радост, раскажа таа за Женски магазин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This