УТРЕ ТОЧНО НА ПЛАДНЕ ПРОТЕСТ НА НОВИНАРИТЕ: Невидена цензура , закани, навреди, казни и притисоци врз новинарите од страна на Власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо медиумската слобода која со години ја ветуваа, со доаѓањето на СДСМ на власт новинарите се соочија со класична цензура, навредливи закани и казни. Последниот случај со навредата на високиот владин функционер Бекир Асани упатен кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани само на дело покажува како оваа власт се однесува кон новинарите.

Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници (ССНМ) ги повика новинарите утре во 12 часот за се соберат на протест пред Владата.

Причината за овој протест се “заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, од страна на висок партиски функционер на коалициониот партнер во владата, ДУИ, Бекир Асани. Контроверзниот Асани ужива углед на недопирливост и неказнивост, а неговите последни навреди и закани упатени кон Селмани имаат цел да ги заплашат сите новинари”, пишува во повикот до новинарите и Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ:

Ова не е само протест за поддршка на колегата Насер Селмани кој е изложен на сериозни закани и притисок, туку и порака до сите граѓаните кои се загрижени за окрепнувањето и чувањето на темелните вредности на правната држава како слободата на говор и владеењето на правото. СИТЕ КОПИЛИЊА НА ПЛАДНЕ ПРЕД ВЛАДА!”

Цензура, закани и казни

Судската пресуда со која се казнува неделникот „Република“ со парична казна, а директорот и сопственикот со условна казна затвор, без ниту едно одржано рочиште, медиумот го смета за притисок и форма на цензура.

За потсетување, медиумот е казнет за текст за кој прво е одредена глоба од страна на Дирекцијата за заштита на лични податоци, за потоа, истиот случај да добие и судската пресуда со парична казна, а Доне Доневски, директор и сопственик доби условна казна затвор, и тоа како што тврди тој без ниту едно одржано рочиште.

Од „Република“, ваквиот начин на постапување, сметаат дека не може да се толкува поинаку освен како политички и судски преседан за вршење притисок.

Правниците коментираат дека ваков случај досега воопшто не било дел од судската пракса бидејќи за исто дело медиумот веќе добил прекршочна казна изречена од Дирекцијата за заштита на лични податоци, која е веќе платена.

Од „Репубика“ известија дека за овој случај запознаени се меѓународните претставници во земјава, Народниот правобранител, Здружението на новинари, Синдикатот на новинари, како и Советот за етика во медиумите.

Интересно е што посочените лица, во текстот  со наслов „6.000.000 евра за платеничката војска на СОРОС“ не ја негираат содржината на текстот, ниту пак информациите кои се објавени. Тие не поднеле тужба за клевета и навреда. Туку, проблематично било што посочувањата во текстот се поврзани со име и презиме на  личности, кои всушност имаат јавни функции.

Цензура за Снежана Лупевска

-Вечерва се соочив со уште еден притисок кога бев информирана дека новата епизода на КОД нема да биде објавена во целост. Во емисијата ги прикажуваме трагичните судбини на двајца работници. Едниот од нив умрел во фабричката хала кога го згмечиле котури а другиот останал без двете раце при повреда на машината на која работел. И двата случаји тапкаат низ судските лавиринти со години. Александар е мртов а Христијан е без рака но се надева на вештачка за која во моментов нема финансиски средства. Почитувани пријатели, од етички, морални, но пред се човечки причини, решив, и покрај можните последици за мојата кариера и работа во телевизијата, на мојата ФБ страница да ја објавам целосната емисија, со првиот прилог, така како што беше направена и таква каква што требаше да ја погледнете. Јас останувам на страна на вистината и искрено се надевам и верувам дека оваа емисија ќе допре до сите вас и заеднички ќе им помогнеме на семејството на Александар, на Христијан, се огласи Лупевска.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This