УТРЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОЈАВАТ СИТЕ: Миленко Неделковски ги повика сите кои „Инфомакс“ ги поддржувал утре да излезат на пpoтecт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И новинарот Миленко Неделковски на својот ФБ профил изрази поддршка за утрешниот протест на новинарите пред Основното Јавно обвинителсво кој ќе се одржи во 11 часот претпладне

Интересна коинциденција е (како Господ никој не е) што утре во Скопје ќе се одржи протест за слобода на говорот, а во исто време се акредитациите и почетокот на Конференцијата за слобода на говор во Вороњеж во Русија каде сум говорник и медијатор.
Секако, случајот со Митовски, но и случајот со Стоиљковиќ, случајот на Палчо и моите случаи ќе бидат кажани, образложени и ќе се најдат во финалниот документ од Конференцијата.
Инфомакс како медиум, а Митовски, Ивчева и Б. Стоиљковиќ поединечно, се единствените што ги следеа моите приведувања, полициски распити и судски рочишта.
За сите други, приведувањето на Миленко (баш како и на Палчо) беа со реченица “така му треба”.
Утре нема да можам да бидам во Скопје за поддршка, но сметам дека во Русија ќе завршам далеку поголема работа за интернационализација на фашистичката забрана на слободата на говорот во мојата татковина.
Но, сметам дека сите што со години ги цитира и промовира Инфомаксовци треба да се појават и да дадат поддршка на медиумот и уредништвото што толку многу ги превземаше, цитираше и промовираше. Треба да дојдат Ефтов, Геровски, Златев, С. Јакимовски, А. Николовски, Мицов и другите што кога никој не сакаше, Инфомакс ги објавуваше. – пишува Неделковски на својот ФБ профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This