УТРЕ ЌЕ БИДЕ БЛОКИРАН СООБРАЌАЈОТ ПРЕД СОБРАНИЕ: Протестот против уставните промени во 18 часот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради протестот  утре, 18 ноември, ќе биде блокиран сообраќајот на улиците пред и околу Собранието, соопшти МВР.

-Во врска со најавен протест организиран од страна на Семакедонски национален конгрес што ќе биде одржан пред Сообрание на Р.Македонија утре, известуваме дека од 12 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај на улица 11-ти Октомври и тоа на потегот од крстосница помеѓу булевар Кочо Рацин и улица 11-ти Октомври до крстосница помеѓу улица Димитрие Чуповски и улица Даме Груев и од крстосница помеѓу улица Филип Втори Македонски и улица Кеј 13-ти Ноември до крстосница помеѓу улица Даме Груев и улица Македонија, соопшти МВР.

Возилата што ќе се движат по улиците кои гравитираат кон Сообранието ќе бидат пренасочени по улица Кеј 13-ти Ноември, улица Кирил и Методиј, булевар Св. Климент Охридски и булевар Кочо Рацин.

Протестот против уставните промени е закажан за во 18 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This