April 26, 2024, 12:42 pm

УТРЕ ЌЕ РАЗГОВАРААТ ТРАМП И ПУТИН: Меѓу темите на разговор ќе бидат санкциите, војната против исламскиот радикализам и сферите на влијание!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прашањето за укинувањето на санкциите против Русија се разгледува, соопштила советничката на претседателот на САД Келијен Конвеј во интервју за телвизискиот канал „Фокс Њуз“

tramp_potpisuvanje

„Сето тоа се разгледува“, одговорила таа на прашањето на новинарите дали таа тема ќе биде предмет на разговор во телефонското јавување помеѓу Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во сабота.

Претседателот на САД Трамп во сабота ќе телефонски ќе разговара со претседателот на Русија Владимир Путин, претседателот на Франција Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти портпаролот на Белата Куќа Шон Спајсер.

„Извлекувајќи максимална корист од првата седмица на претедателскиот мандат, претседателот утре ќе разговара преку телефон со лидерите на Франција, Германија и Русија“, се наведува во соопштението на Спајсер на Твитер.

Советничката на Трам Келијен Конвеј претходно соопшти во интервју за телевизискиот канал Си-Би-Ес дека Трамп и рускиот лидер Владмир Путин ќе разговараат за борбата против радикалниот тероризам и за низа други прашања.

Портпаролот на рускиот претседател Димитриј Песков потврди дека Путин во сабота навечер ќе разговара преку телефон со Трамп.

Планирано е рускиот претседател да му честита на Трамп за стапувањето на должност, како и можноста лидерите да разменат мислења за основните параметри на актуелните билатерални односи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This