Утре 15 часа без вода ќе останат Дебар, дел од Жупа, селата Косоврасти и Рајчица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во периодот од 7 до 22 часот утре, прекин во водоснабдувањето ќе има во општина Дебар, вклучително и селата Рајчица и Долно Косоврасти, дел од Центар Жупа, кои со вода за пиење се снабдуваат од водоводот Росоки-Дебар.
Според Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандрад”, кое стопанисува со водоводот, прекинот е поради смена на вентили на водоводот.
– Почнуваме со смена на вентилите на водоводот Росоки, што е во рамки на првата фаза од проектот за санација, што е повеќе од неопходен зафат. Поради тоа сите кориснци кои со вода се снабдуваат од овој водовод утре, четврток, без вода ќе бидат 15 часа, рече Каба за МИА.

Тој упати апел до сите корисници, физички и правни субјекти да обезбедат вода за нивните потреби.
Водоводот Росоки-Дебар е изграден 1988 година со зафаќање на вода од изворите кај селото Росоки, Мала Река, во должина од 32 километри. Од него со вода за пиење се снабдува Дебар, дел од Центар Жупа, преку кракот кој се одделува кај Мелнички Мост, како и селата Долно Косоврасти и Рајчица, или околу 7 илјади корисници

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This