Утpe и зaдyтpe бeз cтpyja пoвeќe лoкaции вo Куманово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утре и задутре без електрична енергија ќе останат повеќе локации во Куманово и околината, поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 09:00 прекини ќе има на улиците „Тонко Димков“ и „Прозорска“.

Во период од 08:00 до 14:00 часот на улиците „Војо Карастојанов“, „Браќа Филиповиќ“ и дел од „Тоде Мендол“.

Од 08:00 до 12:00 часот прекини се најавени за улицата „Бајрам Шабани“.

Прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има и задутре и тоа:

Од 08:00 до 12: 00 часот на „Бајрам Шабани“, од 13:30 до 15:30 часот на „Х.Т.Карпош“.

Во период од 09:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат „Тоде  Думба“ и дел  од улицата „Лесковачка“ и  „Никшичка“.

Од 11:30 до 12:30 часот без електрична енергија ќе бидат жителите на „Никола Тесла“, „Јоско Илиевски“ и „Тошо Ангеловски“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This