УХМР: Денес сончево и претежно тивко, со мала локална облачност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-4 Берово, -2 Тетово, Струмица, -1 Битола, Маврово, Скопје Петровец, 0 Гевгелија, Д. Капија, 1 Кр. Паланка, Прилеп, Лазарополе, Куманово, Скопје, Штип, 2 Охрид, Претор, Дебар, 3 Крушево, 4 Тополчани, Виница, Пожаране, Ѓуриште, 5 Дојран.

yagody-krasnye-lisya-zheltye

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

Без врнежи

 МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта времето беше ведро со мала облачност, студено и претежно тивко. Утринава во повеќето котлини има појава на  магла, ниска облачност и магла со намалена видливост. Најизразена е во Д.Капија и Полошката котлина и југоистокот каде видливоста изнесува до 200м.

 ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево и претежно тивко, со мала локална облачност.  По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност со намалена видливост, особено претпладне. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 12 до 18 степени.

Скопје Сончево и претежно тивко, со мала локална облачност.  Претпладне со појава на магла и ниска облачност. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Продолжува периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност, особено во ноќните и претпладневните часови.

 

Дежурен синоптичар: инж. мет. Лена Јовановска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This