УХМР НАЈАВИ НЕВРЕМЕ: Од утре започнува заладување и невреме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утре и во понеделник ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност пред се во планинските региони и кон југот. Понекаде во долините ќе има услови за појава на утринска магла.

 

Веќе утре ќе почне да дува претежно јужен ветер кој ќе се задржи се до четврток.

Во понеделник кон вторник ќе се зголеми облачноста и во вторник во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд.

Во ноќта кон среда и особено во среда преку денот ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и тоа најпрвин во планинските делови на западот а кон крајот на денот и на истокот каде што овие врнежи ќе се поинтензивни.

Во тој период утринските температури ќе се насекаде над нулата, а поради зголемента облачност дневните температури малку ќе се намалат.

Потоа следи променливо време со изгледи за ново преодно наоблачување со краткотраен дожд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This