УХМР СО ИНФОРМАЦИИ ЗА НЕВРЕМЕТО: Невремето во Скопје со град, дожд, грмотевици и ветер до 80 километри на час!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невреме проследено со дожд, силен ветер, град и грмотевици го зафати скопското подрачје.

Од УХМР информираат дека ветерот достигнува повремено брзина и над 80 киломери на час.

Нестабилното време се движи од запад кон исток и на север. Во поладневните часови ќе се преместуваат кон исток. Попладне процесите ќе бидат поинтензивни и локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

До среда условите за нестабилност ќе има претежно во западните делови, но тие ќе бидат намалени. Од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Утре ќе биде малку посвежо, а потоа до среда дневните температури ќе бидат во пораст. Од четврток повторно ќе биде посвежо. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This