УХМР co пpoгнoзa: Вpeмeтo yтpe пpoмeнливo oблaчнo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во земјава утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наутро во источните делови се уште ќе има услови за локален дожд, а на планините на северозапад слаб снег ќе провејува во текот на претпладнето. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 12 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови ќе има услови за повремени слаби врнежи.

Во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне врнежи од дожд ќе има на повеќе места. За време на Новогодишната ноќ се очекува суво и претежно ведро време, во западните делови со мала до умерена облачност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This