УЦЕНА ОД СТОЛТЕНБЕРГ: Не може влез во НАТО ако кажете „не“ на референдумот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во екот на кампањата за референдумското изјаснување на граѓаните околу спогодбата од Нивици со Грција и паралелно со интензивните напори на политичките чинители во земјава да го мобилизираат гласачкото тело околу својата опција, речиси секојдневно пристигнуваат најави за гостувања на лидерите на глобалните политички сили и организации, кои на нешто пониско ниво на сличен начин беа застапувани и претходно, во неколку изминати изборни кампањи, но и при обидите за решавање на долготрајната политичка криза во земјава.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг апелираше кон граѓаните да излезат во што поголем број на референдумот, затоа што само така Македонија ќе стане дел од НАТО, иако учеството на странски дипломати во изборна кампања е забрането со закон.

„Ги повикувам граѓаните да излезат на референдумот. Сите членки на НАТО се обврзаа да ве заштитуваат вас, затоа што речиси една милијарда жители се безбедни со нас. Со влезот во НАТО ќе се зголеми економскиот просперитет во Македонија. Погледнете ја Црна Гора, инвестициите пораснаа со влезот. Ви честитам за напредокот што го постигнавте и ве охрабрувам да продолжите со овие реформи. Вратите во НАТО се отворени и само народот може да одлучи дали ќе го изоди тој пат. Вашата иднина е во ваши раце“, рече Столтенберг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This