УЦЕНИ ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Скопјанка барала 300 евра од девојка за да не објави нејзини компромитирачки видеа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Против девојката што праќала уценувачки пораки е поднесена кривична пријава.

FB-03

Скопјанка преку пораки на Фејсбук уценувала друга девојка дека ако не ѝ даде 300 евра ќе објави компромитирачки снимки од неа.

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Д.П. (23) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело уцена.

Според информациите на МВР, во периодот од 9.12.2015 година пријавената Д.П. преку пораки на Фејсбук од С.П. побарала 300 евра, а за возврат ѝ кажала дека ќе ѝ го врати мобилниот телефон.

Воедно, Д.П. ѝ рекла на другата девојка дека ако ѝ ги даде парите од телефонот ќе бидат избришани и снимените видеозаписи со компромитирачка содржина снимени од страна на лицето А.А. (25) од Скопје.

„Пријавената противправно се стекнала со обележани парични банкноти во вредност од 170 евра, кои ѝ биле предадени од страна на С.П., по што истата била уапсена“, соопшти МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This