Учебната година ќе почне, МОН сѐ уште ја нема презентирано националата платформа за онлајн настава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На две недели пред старт на учебната година, МОН сѐ уште ја нема презентирано националата платформа за онлајн настава. Неофицијално готова е пилот верзија, но деталите не ги откриваат. Дали и колку ќе треба да се обучуваат наставниците и учениците за да ја користат оваа платформа е се уште не познато. Во меѓувреме, дел приватните но и државните училиштата самите си обезбедија платформа и интерни обуки на наставниците со цел годината да ја почнат навреме. Резултатите од далечинското учење од претходната учебна година беа поразителни а познавачите од организациите што се зазнимаваат со образованието велат не се оптимисти ниту кога е во прашање стартот на новата.

Во дел од училиштата директорите обезбедија само таблет уреди преку кои наставниците од училница ќе им предаваат онлајн на учениците. Колку ќе бидат ефективни ваквите часови останува на времето да покаже со оглед на тоа дека добар дел од предметите не може да се предаваат преку презентација туку е потребна табла или поголема интеракција со учениците, како математика, физика, хемија и други. Недостасува опрема, добра интернет врска но и насоки за унифицарна настава во целата држава.

Од платформите преку кои може да се одржува настава онлајн а не се плаќаат се Едмодо, Тинглинк, Едпазл и други. Во МОН до истекот на рокот, 113 училишта побарале да одржуваат настава со физичко присуство на учениците, од нив 34 се средни училишта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This