УЧЕНИКОТ САША БОГДАНОВИЌ: Градоначалникот на општна Центар учел од поранешниот градоначалник на Карпош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во програмата за комунални дејности на општина Центар до 2018 година, градоначалникот Саша Богдановиќ внел неколку новини.

 

За реконструкција на фасади во колективни стамбени згради издвоил 40 милиони денари, за субвенции на замена на кровови и промена на лифтови издвоил 8 милиони денари, или вкупно 48 милиони денари. Очигледно Богдановиќ колку и да го плукаше поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски преку „квази-порталот“ Центарњуз.мк со креирање на „фејк-њуз“, сепак научил нешто.

За волја на вистината овие 8 милиони денари за кровови и лифтови во општина Центар се многу скромни, а со 40-те милиони денари издвоени за фасади ќе може да поправи околу шест фасади.

Во делот на образованието општина Центар издвојува фонд за екскурзии за ученици од семејства со социјален ризик, со скромен фонд од 200.000 денари. Има копирано уште еден проект од општина Карпош, а тоа е  „1-Септември добродојдовте наши првачиња“ исто со 200.000 денари, како и награди за првенците на генерации и стипендии за талентираните ученици и спортисти.

Граѓаните се прашуваат зошто толку СДС го плукаше Стевчо Јакимовски, кога нивните градоначалници имаа само што да научат од него. Очигледно на Богдановиќ не му било тешко да превземе проекти од поранешен градоначалник.

Добронамерниците велат дека е добро кога се учи и тоа од поискусните. Некогаш тоа некои политичари не сакаат да го признаат, но јавноста го препознава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This