УЧЕТЕ ФРИЗЕРСКО ЗА ДА НАЈДЕТЕ РАБОТА: Уште една фризерка вработена во државната институција со плата од 40 илјади денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали е на повидок уште еден скандал со партиски вработувања во државни институции? Овој пат станува збор за сестрата на директорката на Централниот Регистар Марија Бошковска Јанквоски, Емилија Бошковска која е вработена во АД за Стопанисување со стамбен и деловен простор за неверојатна плата од 40 илјади денари. Имено сестрата на директорката на Централниот Регистар, Емилија Бошковска по вокација е психолог, но од она што успеавме да го дознаеме од нејзините колеги досега работела како фризерка.

Нема крај на скандалите со партиските вработувања по државните институции, а во конкретниот случај поради фактот што за Бошковска немало место, односно канцеларија во ПУИК таа е сместена во во една од директорските канцеларии. Досега во АД за Стопанисување со стамбен и деловен простор се вработени повеќе од 50 партиски војници на СДСМ, а како резултат на преголемата вработеност, ПУИК има проблем со редовно исплаќање на платите на вработените и нивните плати  доцнат секој месец.

До лицете одговорно за односи со јавноста во АД за Стопанисување со стамбен и деловен простор, Маја Спасовска испративме прашање дали гореспоменатото лице е вработено во ПУИК, но до објавувањето на текстот не добивме никаков одговор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This