Училиштето забpани оваа фотографија на матурантка да се најде на табло: Гледате ли вие нешто погpешно?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Матурантката Нејра Бајриќ од Бановиќ немала право нејзината фотографија да се најде на таблото на нејзиното училиште, затоа што директорката сметала дека носи премногу шминка. Во потрага по правдата, 15-годишната Нејри одлучила да ја сподели својата приказна со јавноста, која ја потврдил нејзиниот татко Џевад Бајриќ, инаку долгогодишен работник во училиштето на ќерка му.

Деветто одделение Нејра завршила со одличен успех. Вели дека изминатите девет години едвај ја чекала и се радувала на својата полуматура. Инаку, училиштетот има правилник кој забранува шминкање, а Нејра тврди дека тој ден сите дошле нашминкани на училиште.

Родителите на Нејра упатиле допис до надлежното Министерство за образование, но се уште не добиле одговор. Фотографот тврдел дека и фотографијата на Нејла треба да се најде на заедничкото пано. но директорката не дозволила.

-Јас сум како и стотина други полуматуранти од овој регион, но постои голема разлика меѓу мене и нив. Сите тие матуранти се некаде на паното со своите врсници и наставници, но не и јас. Ако некој запаметил ваков случај на понижување и дискриминација на едно дете нека каже. Јас сум обележена, јас сум понижена, јас сум жигосано и истрауматизирано дете и не знам дали некогаш ќе бидам како порано. Мене ми се скршени крилјата пред да полетам во животот. Дали е тоа правилно, предагошки, човечки, се прашува Бајриќ.

Како и другите матуранти својата фотографија ја објавила на Фејсбук, но не за популарност и лајкови, туку за молба за помош да пронајде правда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This