УЧК СЕ ЗАКАНУВА ВО КУМАНОВО: Ако се постави споменик на Бранителите од 2001, ние ќе поставиме споменик на УЧК!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кумановскиот огранок на ДУИ се закани дека насила ќе постави споменик на УЧК во Куманово, доколку градоначалникот на општината Зоран Дамјановски – Циц одлучи да постави споменик на Бранителите од 2001-та година

Советничката група на ДУИ во Куманово, и општинскиот огранок на ДУИ денес се заканија дека доколку општина Куманово постави споменик на загинатите бранители од конфликтот во 2001-та, тогаш тие насила ќе постават споменик во чест на загинатите терористи на УЧК кои исто така учествувале во конфликтот.

Во врска со најавата на градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски за поставување на спомен плоча посветена на Бранителите, во градскиот парк, советничката група на ДУИ ќе реагира радикално, и ќе постави спомен плоча посветена на загинатите борци на УЧК во 2001-та година – стои во реакцијата. Понатаму од ДУИ велат дека ако Циц постави плоча во чест на Бранителите, тогаш тие ќе постават во чест на УЧК во паркот во близина на градскиот стадион. – се вели во реакцијата на советниците на ДУИ во Куманово.

Претходно, Али Ахмети, коалициониот партнер на Заев најави дека неговата партија ќе бара промена на Уставот со цел инкорпорирање на албанскиот јазик како втор официјален јазик и за меѓународна употреба, откако претходно заедно со СДС договорија целосна двојазичност на територија на Македонија.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This