УЧК СО ЗАКАНА ЗА НОВ КОНФЛИКТ ВО МАКЕДОНИЈА: Терористот Абедин Зимбери ќе се враќа во планина ако пропаднел референдумот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе реагираат ли ОЈО и МВР на повиците за отворен конфликт на Абедин Зумбери, поранешен пратеник и командант на ОНА во 2001? На својот ФБ профил, со наслов „Реципроцитет на меѓуетничко почитување“, Зумбери пишува дека Албанците нема веќе да го трпат непочитувањетоа од Македонците и порачува дека нивниот пат кон ЕУ и НАТО ќе продолжи со или без Македонците:

,,Албанците во Македонија ќе се борат до крај заедно со Македонците, државата како целина да влеземе во ЕУ и НАТО, но доколку референдумот пропадне, Албанците нема повеќе да трпат ваков начин на живот, со или без Македонците нашиот пат кон ЕУ ќе продолжи“-порачува Зумбери.

Тој вели дека Македонците прво требаше да го решат внатрешниот спор кои сами го прават со Албанците, а потоа заедно со Албанците да го решат надворешниот спор со Грција и ЕУ:

„Вака ли се оди во ЕУ и НАТО со провокации, навреди на сопствените сограѓани? Кога некој ве почитува и ве подржува немојте да го злоупотребувате со навреди и провокации на национална основа. Навистина не знам кога ќе се разбудите од комунистичкиот сон, кои 50 години ве лажеа и ве учеа како да ги мразите оние што се различни од вас. Сѐ додека јас се чувствувам навреден, понижен, провоциран, несигуран, никогаш не очекувајте дека ќе бидеме лојални грѓани, се додека нѐ ви биде јасно дека јас сум на сопствената земја, не сме странци тука, и се заканувате со разни глупости кои се веќе минато, со вакво однесувње нема да има иднина за никого“-пишува тој.

„Поради тоа што имам прекрасни пријатели Македонци, овојпат ќе се воздржам од понатамошни коментари. Нема да паднам на нивото на некои личности што не знаат кај припаѓат. Сѐ додека ве почитувам како Македонци, сакам и вие да ме почитувате мене како Албанец. Само со реципрочно меѓуетничко почитување можеме да градиме јака, мирна и економски развиена држава. Сѐ друго води кон дестабилизација, поделби, и конфликти во кои нема да има победник. Додека сме во мир можеме да ги решиме сите спорни прашања, во недај Боже конфликтни ситуации, во кои ќе се вмешаат и нашите заеднички непријатели, тогаш кога ќе има жртви и загуби ќе нема место за помирување за сѐ ќе биде доцна.
Време е во мирна атмосфера со меѓусебно почитување да ги решиме грешките кои се направени во минатото и да продолжиме да живеме како луѓе. Кога може една Швајцарија 800 години да нема конфликти, а во неа се зборуваат 4 службени јазици, и е најбогата и најдемократска земја во ЕУ, зошто не може Македонија, една шака земја во која живеат 2 милиони граѓани. Патриотизам е да ги почитувате другите и да ја сочувате државата, а не да ги мразите другите за да сами живеете, тоа не било нити ќе биде.
Сѐ додека Албанците бараат Македонија да влезе во НАТО тоа е знак дека сакаме државата да биде целосна, безбедна и заедничка.
Ние никогаш не оспоруваме нешто што е ваше, јазикот, симболите и идентитетот македонски, само сакаме да го почитувате и вие нашиот јазик, симболи и националниот идентитет.
Различноста е богатство за една држава“, вели на крајот Зумбери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This