April 18, 2024, 11:48 pm

УЧК СО ЗАКАНИ ДО НОВАТА ВЛАДА: Ако не се исполнат дадените ветувања ќе следат лоши работи – Заев ќе мора да ја испорача фактурата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Друштвото на вoените ветерани на УЧК ги предупредува политичките лидери кои се на власт дека ако не го исполнат тоа што го ветиле, ќе се случуваат непосакувани работи се додека не се постигне тоа што го заслужуваат како народ, пренесува Журнал.

Во прилог е целосната реакција на ДВВ-УЧК:

 

Реакција

Измама после измама

Стана убава пракса да не лажат излажаните. Овие последните од Русија, а ние од локалните власти!

До кога вака? Уште колку жртви треба да направиме ние автоктоните албанци, за да ги убедиме локалните и меѓународните фактори? Само што ни се роди една надеж од кандидатот за Премиер од редовите на СДСМ, дојде разочарувањето од истиот ТОЈ и неговата партија!

Бараме под итно да се направи поправката!

Не можеме да го поднесеме однесувањето на двојни стандарди во сите области: политика, економија, законодавство, на посебен начин се негира двојазичноста!

Сакаме рокови, еден мандат, или два мандати до целосна рамноправна реализација на гореспоменатото!

Во спротивно, ќе следи непосакуваното за оние кои сакаат да не држат под ропство, дури и за нас кои ќе треба самите да се потрудиме, за да го постигнеме тоа што нас ни следи како заслужен народ.

17 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This