УЧК СО СМРТНИ ЗАКАНИ ДО ГОРАН АНГЕЛОВ: Терористите му се закануваат на претседателот на МПЗ „Ќосето“ Горан Ангелов, МВР не превзема ништо!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По ултиматумот кој терористичката група од Косово УЧК го испрати како одговор на пресудите во случајот „Диво Насеље“, терористите со закани и кон поединци, поточно граѓански активисти и поранешни припадници на специјалните единици на безбедносните сили во Р.Македонија

 

Една таква порака е и онаа објавена на социјалните мрежи, каде се гледа терористичка група, а во текстот објавен со фотографијата стои заканувачка порака до претседателот на МПЗ „Андон Лазов Јанев – Ќосето“ Горан Ангелов, кој во текот на 2001-та беше дел од безбедносните единици.

Пораката испратена до Ангелов гласи „…ова е специјално Горан Ангелов за тебе од овие на сликата, има уште живи и за брзо ќе се видите…“

Во меѓувреме полицијата не реагира, иако ваквите закани упатени од терористичка група кон граѓани би требало да биде процесуирана по службена одговорност. Немаше никаква истрага ниту по објавувањето на ултиматумот, а објаснувањето од МВР беше дека тоа било „документ кој бил многу пати копиран“.

Во краток разговор со претседателот на МПЗ „Андон Лазов Јанев – Ќосето“ Горан Ангелов, единствено нешто што имаше да порача е дека нема да чека од полицијата да го заштитува, бидејќи истата со непостапувањето ги поддржува терористите. Напротив, спремен е самиот да ја превземе одговорноста за сопствената безбедност.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This