April 26, 2024, 10:26 am

Учecник нa мapшoт вo Тетово: Пocлeднитe гoдини cитe ниe cмe мoлчeлe нa лoши paбoти, ce нaдeвaм нapoдoт ќe cфaти дeкa моpa дa ce направи нешто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што беше претходно најавено, денеска во Тетово со почеток од 13:30 часот се оддржа протестен марш во чест на починатите во пожарот во модуларната болница во Тетово.

Организатори на овој протестен марш беа навивачката група „Балисти“.

Маршот беше мирен, започне од плоштадот Илирија во 13.30 часот и заврши пред болницата во Тетово. Река од народ излегоа и се придружија на овој протестен марш оддавајќи им почит на трагичнно изгубените животи.

– Дојдов тука на овој марш во знак на почит кон починатите. Лично се гледам како одговорен, бидејќи овие последни години сите ние сме молчеле, на сите лоши работи што се случувале овде и ова е капка на се, на сите трагедии што овде се случуваат последните години и се надевам дека народот веќе ќе сфати дека мора да се направи нешто, а да се направи нешто мора да се почувствува секој одговорен, затоа што со нашето молчење со нашето проголтување на сите лоши работи кои се случиле ние на некој начин сме дале придонес за ваквите работи. Се надевам дека ќе се освестиме сите и ќе дадеме придонес да ги спречиме овие работи, изјави Беким Демири, учесник на маршот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This