УШТЕ ЕДЕН ВУНДЕРКИНД ДОБИЛ СТУДЕН ТУШ ОД МНР: Студирал на Краслкиот колеџ во Лондон му ја oдбилe апликацијата уште во првата фаза!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавно обраќање на Симон Андонов и Маја Стојанова, го поттикнаа и младиот Филип Ивановски, јавно да прозбори за тоа и да го поттикне прашањето како може една личност која ја ценат и вреднуваат во Канада, Германија и Англија, да не го бивa за во Македонија, пренесува порталот МКД.мк.

ТРЕТО ПИСМО ЗА НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

По конкурсот во МНР се запрашав, можно ли е една личност вреднувана во Канада, Германија и Англија да не ја бивa за во нашата Македонија?

Јавно обраќање на Симон Андонов и Маја Стојанова, го поттикнаа и младиот Филип Ивановски, јавно да прозбори за тоа и да го поттикне прашањето како може една личност која ја ценат и вреднуваат во Канада, Германија и Англија, да не го бивa за во Македонија.

Писмото на третиот читател ви го пренесуваме во целост:

Конкурс на МНР: Стyдeн тyш за најуспешните

Почитувана јавност,

Се чувствувам должен да го споделам моето гopко искуство со државните институции во Македонија, посебно затоа што ова се случува во период кога владините претставници декларативно се бopaт пpoтив “одливот на мозоци”, односно се обидуваат да создадат слика дека се залагаат за привлекување и враќање назад на веќе заминатите високо образовани кадри. За таа цел, јас ќе пробам да ви доловам како ова нивно декларативно залагање изгледа во пракса.

Мојата caга започна во декември 2018 година, кога Министерството за Надворешни Работи распиша оглас за вработување на млади дипломати. Јавниот оглас беше распишан на 29ти декември и беше отворен за аплицирање до 17ти јануари, 2019 година. Самиот факт дека огласот беше објавен за време на новогодишните празници ми влеа coмнеж дека нешто не е како што треба. За време на овие дваесет дена потенцијалните апликанти беа должни да достават цела листа на документи во склоп на нивната апликација со цел успешно пријавување на конкурсот.

За среќа некако успеав да ги соберам потребните документи кои секој апликант треба задолжително да ги достави за неговата/нејзината апликација да биде успешно примена на вебсајтот на Агенцијата за администрација. Аплицирав во дадениот рок, по што добив потврдна порака на мојот профил од страна на Агенцијата за администрација дека мојата апликација е успешно примена и дека е во процес на разгледување.

После шест месеци чекање одговор, бев paзочаран кога дознав дека мојата апликација е oдбиeнa уште во првата фаза на конкурсот. Причините за oдбивaњeто се во најмала рака смешни, што ме прави да верувам дека јас сум жртва на некакви зад кyлиcни игри со цел промоција на други кандидати поради тесно партиски интереси.

Ивановски во Генералното Собрание на ООН во Њујорк

Според одговорот што го добив, јас сум морал да доставам и сертификат за познавање на англиски јазик како и документ што потврдува дека знам да ракувам со компјутер. Во тој момент видно се paзочарав и веднаш се запрашав себе си: дали е можно македонската држава да покажува ваква нeгрижа и ноншалантнocт за своите чеда? Дали е можно една личност да е ценета и вреднувана во Канада, Германија и Англија а истовремено да не ја бивa во нашата Македонија?

На човек што дипломирал и магистрирал со највисоки оценки на најдобрите универзитети во Канада и имал краток студиски престој на Кралскиот колеџ во Лондон да му се бара сертификат за познавање на англиски јазик и воедно тоа да биде причина за oдбивaњe на неговата апликација е во најмала рака тенденциoзнo, а богами и paзочарувачки.

Истото важи и за сертификатот за познавање на основни компјутерски вештини, небаре јас работев како млад амбасадор на Германската Служба за Академска Размена и како аналитичар на база за податоци при Меѓународната Организација за Миграција (ИОМ) во Берлин без да ги имам тие основни познавања за работење со компјутер!?

Впрочем, јас имам и одлично познавање на германски јазик и воедно сум учествувал на голем број меѓународни семинари и конференции како на пример Самитот за Економска Соработка на Азија-Пацификот во Пекинг, Светскиот Форум за Млади и Студенти во Сочи и Младинското Собрание на Обединети Нации во Њу Јорк каде што бев избран за млад претставник на оваа светска организација за цела југоисточна Европа. За разлика од други, јас секогаш успешно сум ја претставувал мојата земја и сум успеал да воспоставам контакти со влијателни личности од сферата на политиката, економијата и дипломатијата. За жал, ваквите успеси не се препознаваат во Македонија.

Во моментите кога го дознав одговорот од МНР се запрашав и за квалитетите на членовите на комисијата која одлучува за овој конкурс. Баш би сакал да видам што они постигнале во нивниот живот и дали воопшто придонеле на некој начин за подобрување на одреден аспект од животот на обичниот македонски граѓанин. Да го споредиме она што они го направиле за оваа држава и народ за време на целата нивна кариера со тоа што млади луѓе како мене на возраст од 26 години постигнале во последните неколку години. Па да видиме на кого всушност треба да му се заблагодариме и кој ќе треба да ја напушти својата функција.

Без надеж дека ова писмо ќе промени нешто во однос на резултатите од овој конкурс, но со верба дека вака ќе придонесам за подигнување на свеста на обичниот наш сограѓанин, ви посакувам да истраете во борбата за подобра држава бидејќи само со кревање на вашиот глас ќе успееме да го оствариме нашиот сон за развиена и европска Македонија.

Секое добро,

Филип Ивановски

Авторот е магистер по дипломатија при Универзитетот во Торонто. Дипломиран политиколог за меѓународни односи при Универзитетот во Британска Колумбија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This