УШТЕ ЕДЕН „ГОЛ СО ПЕТА“ ОД СТРАТЕШКИТЕ ПАРТНЕРИ: Виена преговара за сместување на илегални мигранти во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Себастијан Курц преговара со земјите од таканаречениот Западен Балкан за сместување на илегалните мигранти, пишува австрискиот весник ,,Пресе’’.

Според весникот ,,преговорите се веќе во тек’’ со Скопје, Белград, Тирана и Приштина за отворање на кампови за лицата кои ќе бидат протерани од Австрија односно добиле негативен одговор од австриската држава за добивање азил, а пристигнале преку балканската рута.

,,Пресе’’ пренесува дека мигрантите привремено, треба да бидат сместени во некоја ,, помалку атрактивна’’ земја за мигрантите.

Виенскиот весник пишува дека за возврат земјите од Западен Балкан барале пари, а во Виена се разгледувале правните можности за таквата постапка.

При протерувањето треба да помогне агенцијата Фронтекс, но за тоа да се случи ЕУ треба да и го промени мандатот на агенцијата. До сега е непознат точниот број на мигрантите кои ќе бидат населени на Балканот и Македонија, се вели во статијата, а проектот е поддржан од Данска и Холандија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This