ЗАЕВ ГИ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА ЕКСТРЕМИСТИТЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ:Уште еден доказ дека се подготвува колеж за изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екстремистот Гафур Адили, член на терористичката организација АНА и кој сеуште е на црната листа на САД, со одлука на македонското Mинистерство за надворешни работи по 33 години се враќа во Македонија.

Гафур Адили утре доаѓа во неговото родно Кичево. Тој после 33 години се враќа во родното Сербица, кичевско, објави албанската новинска агенција ИНА. Адили од 1984 година избега во Швајцарија.

Адили се уште се наоѓа на црната листа на САД, која во јуни годинава беше продолжена од новиот американски претседател Доналд Трамп.  За т.н. црна листа се вели дека опфаќа лица „кои се непријателски кон интересите на САД и кои претставуваат закана за националната безбедност и за надворешна политика на земјата“.

На неа од Македонија има 10 лица, повеќето поранешни команданти на Ослободителната национална армија (ОНА), меѓу кои е и името на Адили.

Како што дознава ИНА, Адили последниве денови поднел барање до македонската амбасада за патни исправи, а од амбасадата бил информиран дека утре може и да ги подигне истите и да отпатува за Македонија. После 13 години во Тирана и голем број на апликации, на Адили не му беше одобрено албанско државјанство.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This