УШТЕ ЕДЕН ИНФАРКТ НАТПРЕВАР, КОЈ ДОНЕСЕ ИСТОРИЈА: Европскиот првак „Вардар“ повторно ќе ја брани титулата во Келн!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Келн повеќе не е сон, Келн е реалност. Македонскиот и европски првак испиша нова историска клупска страница, а на добар пат е да го стори истото и во Лигата на шампионите.

Келн повеќе не е сон, Келн е реалност. Македонскиот и европски првак испиша нова историска клупска страница, а на добар пат е да го стори истото и во Лигата на шампионите. Да стне единствениот тим кој успеал да ја одбрани титулата.

Кил не го издржа пеколот во СЦ „Јане Сандански“ мечот заврши со 28-28.

По серијата на Кил од 3-0, благодарение на Ландин, кој имаше две одбрани по ред. Дури во шестата минута, „црвено-црните” го скршија ледот. Со четири погодоци во низа, во креација на Вуко Борозан (двапати погоди), а потоа на Кањелас и Дибиров, во деветата минута поведоа со 4-3. Најсилното оружје на Вардар, одбраната беше на врвно ниво. Токму затоа Раул Гонзалез и неговите избраници поведо со највисоки 8-5 во 13. минута, позитива која ја имаа уште на двапати (9-6, 10-7), но по која Кил се враќаше. Што благодарение на техничките грешки, но и по двата промашени седмерци на Иван Чупиќ. Во овој дел блескаше Штербик, имаше осум одбрани, а на полувремето беше 13-13.

По одморот, двете одбрани на Штербик во серија, го однесоа Вардар е на плус три (18-15) во 34. минута. „Пукаа“ Кристопанс, Мораес и Борозан. Седум минути подоцна Дибиров од најтешката позиција погоди за највисоки 21-17. Алфред Гисласон повика тајм-аут, кој вроди плод. Кил дојде на минус еден 21-20, но само на крајот. Циндриќ, а потоа Борозан со „бомба“ во 45. минути ја врати позитивата од три гола (23-20).

И како по некое непишано правило, наместо ракометарите на Вардар да го дотолчат противникот, му дозволуваа да се враќа во игра, на осум минути до крајот беше 25-24. Ландин влезе во форма за нова драма во СЦ „Јане Сандански“.

Штербик со 15 интервенција и Кристопанс го качија на Вардар на ветувачки 27-25. Винцек се погрижи за драма (27-26), на другата страна Циндриќ не погоди, Билик изедначи на 27-27 на 30 секунди до крајот.

Натпреварот заврши со 28-27 за Вардар со гол на Чупиќ во послдната стотинка!

 

Извор:
Спортмедиа.мк

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This