УШТЕ ЕДЕН ПРЕДМЕТ ПРОТИВ СДСМ: Јавното обвинителство ќе постапува и по предметот за „Струмица Гас“ и сомнителните тендери!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Паниката во СДСМ е јасна и очекувана. Криминалите на Зоран Заев започнуваат се повеќе и повеќе да излегуваат на површина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

pajtasi_zaev

Во продолжение следува интегрален текст од соопштениоето на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста дозна за тендерите на јавното претпријатие „Струмица гас“ со кои Зоран Заев го полнеше со пари неговиот сопартиец Митко Андреевски, претседател на партиската комисија за енергетика.

Човек фирма, без имот и средства, регистрирана во куќа на неговата сопруга ги добива тендерите на „Струмица гас“. Скандал без преседан. Типичен за аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата тендерска мрежа за испумпување на парите на граѓаните за лично богатење.

Само со последниот тендер од 2016-та година е направена штета од 700.000 евра. Ова се пари на граѓаните кои завршиле во џебовите на Заев и неговите партиски пајташи.

Јасно како ден е дека ЈП „Струмица гас“ не работи во полза на граѓаните, туку единствено во корист на криминалната тендерска мрежа од која се богатат Зоран Заев и неговите партнери.

Предметот веќе е во рацете на Јавното обвинителство кое не смее да подлегнува на политичките притисоци од СДСМ. Доставените докази треба да бидат разгледани согласно законот. Секој што крадел мора да одговара. Криење за Заев и неговите пајташи веќе нема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This