УШТЕ ЕДЕН ПРОФЕСОР СЕ ПРИКЛУЧИ НА БОЈКОТОТ: Професорот Богдан Богданов со сведоштво повика на #Бојкот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веројатно се ретки они во Македонија чии предци не биле дел од НОВ, АСНОМ или пак Илиденското востание. Секојдневно гледаме, слушаме и читаме сведоштва за фамилијарните истории на македонските фамилии кои дале жртви во борбата за Обединета и Независна Македонија.

Професорот на Природно Математичкиот Факултет, Богдан Богданов и неговата фамилија како и многумина во Македонија имаат своја историја во борбата за независна Македонија. Тој во својот Фејсбук статус истакна дека неговиот дедо од мајчина и неговиот дедо од таткова линија биле учесници во Илиденското Востание, а со оглед на тоа што Договорот со Грција ја брише и забранува оваа историја, тој најави дека ќе го Бојкотира референдумот за промена на името на Македонија.

– ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА
Пред извесно време ја купив едицијата Илинденски сведоштва (пет тома во 9 книги, 2016/17) издание на Државниот архив на Република Македонија (Сл. 1). Пријатно се изненадив кога видов дека уште во првиот том, на самиот почеток, на ударната страна стои слика „Илинденецот Никола Богданов со неговата чета“ (Сл. 2). Не само тоа, во првиот том на стр. XLII (после предговорот од Кит Браун) стои извадок од неговата биографија (Сл.3 и Сл. 4). Со дедо ми Никола Богданов сум живеел една година пред неговата смрт во Битола. Од друга страна, во едицијата е застапен и Никола Динев, мојот друг дедо по мајчина линија – со кога го поминав целото детство и младост (Сл. 5). Секако и двајцата дедовци се носители на Илинденска споменица 1903 (Сл. 6 и 7).
И сега, како да гласам на Референдумот? Се разбира БОЈКОТ, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This