УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО АЕРОДРОМ: Братучедка на Дамјан Манчевски – нов директор во градинка во Аеродром!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Златко Марин и СДСМ власта ја подразбираат за делење на криминални тендери и згрижување на своите најблиски во институциите.

Најновата информација до која дојдовме укажува на непотизам и искористување на роднински врски при поставување на директорски позиции, објавија од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.

Новопоставената директорка на градинката „Буба Мара“ во Аеродром, Елена Устамитова, е во тесна роднинска врска со Министерот за информатичко општество и администрација, како и потпретседател на СДСМ – Дамјан Манчевски, поточно негова братучедка, обвинуваат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром.

И покрај декларативните заложби на ресорниот министер за департизација на администрацијата, тој ја искористил својата положба и заедно со Златко Марин ја поставиле Устамитова за директор на градинка во Аеродром – велат од партискиот огранок на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во општината.

Покрај роднинската врска со Дамјан Манчевски, Елена Устамитова е и сестра на Татјана Стојаноска Иванова, сопруга на новинарот Мишко Иванов, за која пред некој ден објавивме дека наплаќа дневници од по 10.000 денари од општина Аеродром.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This