April 24, 2024, 11:04 am

УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО ВОЕНОТО РАЗУЗНАВАЊЕ: „Лажните вести“ кои ја лизнаа Хилари Клинтон се продуцирале во Македонското воено разузнавање!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По објавената вест дека припадник на Министерството за одбрана на Република Македонија имал сајтови преку кои пласирал лажни вести, а сето тоа било откриено од страна на програмерот Мартен Шенк од Белгија, стигнавме до ексклузивни информации, кои укажуваат на тоа дека вработениот во Министерството за одбрана, е всушност овластено лице на Воената служба за безбедност и разузнавање

 


Оваа служба изминатиов период откако СДСМ е на власт беше поврзувана со постојани скандали, кои најмногу се однесуваа на нејзиниот раководител Горан Василевски.

Инфомакс неколку пати пишување за скандалите кои го следат Василевски, за неговото дискутабилно добивање безбедносен сертификат, како и за неговите партиски активности, и предупредувавме дека е многу опасно таков човек да води таква безбедносна служба.

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА СЕ ВПЛЕТКА ВО СОПСТВЕНИТЕ ЛАГИ: Зошто УБК вршела проверки на лицето Горан Василевски поставен како шеф на военото разузнавање?

СКАНДАЛОТ НА ШЕЌЕРИНСКА НЕ ЗАПИРА:Спорниот Василевски активист на СДСМ

Овој последен развој само го потврдува тоа, бидејќи очигледно Василевски нема контрола врз сопствената служба, па мора белгиски хакери да му ја работат работата. И покрај сите предупредувања и укажувања во јавноста дека Василевски е некомпетентен да го води военото разузнавање и е поставен по партиски клуч, министерката Шеќеринска не превзеде никаква активност.

Ете го доказот дека човекот е некомпетентен, и дека од респектирана служба кај нашите партнери од НАТО и ЕУ, ја направи службата објект за подбив и смеа. Шекеринска им должи објаснување на граѓаните, до кога ќе ги толерира пропустите на својот миленик Василевски, и дали некој ќе понесе одговорност за сите овие пропусти?

Инаку скандалот го откри белгискиот новинар Мартен Шенк од Белгија.

Во текстот објавен на неговиот сајт, тој тврди дека „по меѓународната „слава“ на тинејџерите од Велес, информациите за припадник на АРМ, Слаѓан „Цаго” Бојковски од Куманово, кој имал сајтови за лажни вести, програмерот Мартен Шенк од Белгија уште пред една година му влегол во трагата на Марјан Залатановски кој имал регистрирано сајт beaware.com.“

Брз преглед на најсподелуваните приказни од веб-страницата открива најмалку четири наслови кои кои очигледно биле копирани од YourNewsWire (неверодостојни страница за лажни вести) и една приказна копирана од barenakedislam.com (етикетиран како исламофобичен од страна на mediabiasfactcheck.com), стои во текстот на Шенк, пренесува „Либертас.

Сајтот користел идентификувач “ca-pub-7845329558125446”, кој потоа се појавил на барем осум други страници и тоа: www.beaware.one (registered on 2018-01-03 to Marjan Zlatanovski)

  • www.dailyrethink.com (registered on 2017-11-03 to Marija Krsteva)
  • www.dawnlightnews.com (registered on 2017-08-30 to Marija Krsteva)
  • www.extraordinaryinfo.com (registered on 2017-08-28 to Marija Krsteva)
  • www.m2voice.co.uk (registered on 2017-07-21 to Marija Krsteva)
  • www.m2voice.com (registered on 2016-11-13 to Marjan Zlatanovski)
  • www.politicreal.com (registered on 2017-12-04 to Marija Krsteva)

Се чини дека повеќето од насловите на сајтовите биле копирани од други веб-страници. Тие вклучувале теми како лажната смрт на Џорџ Сорос, измами дека бегалците одбиваат да работат за Американците, лажни закани за тероризам, конспиративни теории за терористички масакр во Лас Вегас, лажни “ужасни работи што им се случуваат на педофилите” разни други статии од clickbait (често лажни, расистички или и двете).

Како што можете да видите на WHOIS, сите имиња на домени биле регистрирани или на “Марјан Златановски” или на “Марија Крстева”. Но наведената адреса на е-пошта секогаш стои “zlatanovski17”. И градот во листата на Златановски е “Куманово”, град во Македонија.Има и фејсбук профил на “Марјан Златановски”, кој го наведува Куманово како роден град:И погодете што најдовме на тој профил? Селфи со “Марија Крстева”:На нејзиниот профил пак пронајдовме селфи со Златановски.

Ја пронајдовме страницата LinkedIn за Марјан Златановски, на која има профилна профилна фотографија на која изгледа исто како на селфиата.

Професијата наведена во профилот е “Службеник во Министерството за одбрана на Македонија”. Се обидовме да добиеме потврда за ова од македонското Министерство за одбрана преку нивната канцеларија за односи со јавност, но до моментот на објавувањето не добивме одговор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This