УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО МТСП: Вработена добила отказ поради статус на Фејсбук!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта спроведува невиден партиски реваншизам, вработени во администрација ги губат своите работни места, поради искажан став на социјална мрежа.

Вработена во Министерството за труд и социјална политика добила отказ поради постирање и споделување на партиска содржина на својот приватен Фејсбук профил. Ова е прв пример во историјата на независна Македонија, како административен службеник добива отказ од работно место поради политичко убедување и делување.

Како што се наведува во дисциплинската постапка против неа со која и е изречен отказ, вработената го губи работно место, зошто според наводите на комисијата објавила партиско соопштение на својот Фејсбук профил.

Станува збор за Сузана Анова, вработена како државен советник во Министерството за труд и социјална политика.

Државниот секретар во МТСП, Елена Грозданова ја преиначила одлуката со која се изрекува 30 % намалување на плата во времетрање од еден месец со отказ. Ова е прво такво решение од ваков тип, со кое државен службеник го губи работното место поради политички погледи.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This