March 28, 2024, 10:45 am

УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО СУДСТВОТО: Зоран Заев и Цветанка Иванова сакаат да постават осудена за криминал правобранителка од Струмица на нова функција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мнозинството на СДСМ и ДУИ преку Комисијата за избори и именувања во Собранието вчера утврди кандидати за претседател и членови на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, каде се предлагаат партиски кадри и кадри на кои им било судено за злоупотреба на позициите на штета на државата и Буџетот, а дел од нив не ги исполнуваат ни основните услови пропишани со закон.

На листата на членови на комисијата се најде струмичката правобранителка Мирјана Панајотова, поранешна колешка на Цветанка Иванова, сегашен секретар на Собранието кога беше јавен правобранител во Струмица. Панајотова, која сега е советник во струмичкото државно пправобранителство, беше една од обвинетите во случајот „Јака Табак“, каде што беше обвинета заедно со екс директорот на Бирото за стокови резерви, со струмичка судијка и раководството на „Јака табак“ дека нанеле штета на Бирото за стокови резерви, односно државата со отпишување и обезвреднување на тутун од стоковите резерви.

Во својата биографија (парафразиран текст упатен до Собранието) Панајотова пишува дека работи цело време во правобранителството, со еден мандат од 2005 во време на СДСМ како заменик правобранител за Струмица, а по завршување на мандатот, кога и се суди, како Советник во правобранителството, наведува дека е квалификуван кадар, но никаде не пишува дека повеќе од 4 години и се судеше за злоупотреба на службената позиција, која заврши со условна пресуда, во случај кој го водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција пред судот во Скопје.

Постапката ја водеше судијката Лидија Неделкова која два пати го преотвораше предметот, а по нејзиниот избор за претседател на судот, постапката ја продолжи судијата Зоран Дмитриевски кој ја објави и пресудата.

Предметот „Јака Табак“ во првостепена постапка траеше повеќе од 4 години.

Панајотова била предлог зад кој застанала генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, а со амин на Зоран Заев, кој во оваа комисија го предложил и вториот струмичанец Ѓорѓи Чукарски, кој работел во Управниот инспекторат и во Министерството за информатичко општество како инспектор за Струмица и околните општини.

За претседател на Второстепената комисија која половина година не функционира бидејќи беа разрешени претходните членови, а не беа избрани нови, се предлага охриѓанката Елизабета Русеска, која работела во УЈП, а за членови: Ристана Лалчевска, во два мандати пратеничка во Собранието од Либералите и екс член на Лустрациската комисија, како и Искра Давитковска Костовска од Скопје, Неждет Винца електроинженер, Шефки Јашари од кичевско и Мирјана Панајотова и Ѓорѓи Чукарски од Струмица.

Неждет Винца, која била член и на досегашниот состав на Комисијата, што според Владата не работела како што треба, според нејзината биографија не исполнува основен услов за да биде на таа функција, бидеќи законот за претседтел бара дипломиран правник со најмалку 5 години работа на правни работи, а за членови, во условите избришан е правен факултет и наведено е високо образование, седми степен, но во специфичните работи и за членовите е предвидено да имаат најмалку 4 години искуство на правни работи, што тешко може да се каже дека ги има екс директорката на ЕВН Тетово, која потоа работи како инжер за мрежи до 2015 година во ЕВН. Од тука, Винца без законскиот услов била избрана и во претходниот состав, а се предлага и сега.

Ако се анализира биографијата и на Искра Давитковска Костовска од Скопје ќе се види дека таа работела на „правни работи и уредување на весникот“ во Здружението на возачи што исто така ни од далеку не одговара на тоа што ќе го работи како член на второстепената комисија.

На огласот се пријавиле 32 кандидати, но од предлогов се гледа дека се предложени комплетно партиски кандидати, чии „успеси“ на Собраниската пленарна седница треба да ги бранат Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, а не претседтелот на Комисијата Илија Димовски.

Извор:
Сведок.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This