March 28, 2024, 10:39 pm

УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО СУДСТВОТО: Стручната соработничка на Кацарска ги убедувала вработените во судската администрација да не излегуваат на штрајк!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судскиот буџетски совет денес ги зголеми платите на судиите за неверојатни 35% од основната плата, а вработените во судската администрација побараа итна и неотповиклива оставка од претседателот на советот поради, како што велат, ова е најсрамната одлука донесена во историјата на судството и со неа судиите ќе добијат зголемување за 21 илјада денари што е повеќе за 85 отсто од платата што ја земаат вработените во судската служба.

Од УПОЗ бараат итна и неотповиклива оставка од претседателот и членовите на Судскиот буџетски совет.

– Судскиот буџетски совет на чело со претседателот Зоран Караџовски денес требаше да донесе одлука да се вратат парите на вработените од судовите кои во 2016 година незаконски беа одземени за време на штрајкот во судовите лично од него. За Синдикатот на УПОЗ ова е долевање на масло на огнот кој гори од незадоволството од третманот на судските службеници во изминатите години, замрзнување на нивните плати и постојано зголемување на платите на судиите, наведува УПОЗ.

Сепак, она што дополнително ја отежнува ситуацијата е обидот на стручниот соработник на судијката Кацарска, да го задуши најавениот штрајк на вработените во судската администрација, убедувајќи ги членовите од иницијативниот одбор за штрајк дека се работело за „политичка одлука“, и дека „ништо не бивало од нас“.

Стручен сорботник на судијката Кацарска е Рената Ѓорѓиевска, инаку сопруга на екс-директорот на Агенцијата за заштита на лични податоци Димитар Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевска, во вибер групата на иницијативниот одбор на вработените во судската администрација ги убедувала вработените да не излегуваат на штрајк бидејќи се работело според неа за „политичка одлука“, фрлајќи сомнеж дека со оваа одлука Караџовски намерно предизвикувал „бунт и незадоволство“ кај судската администрација. На овој начин, таа се обидела, во корист на нејзината шефица да го спречи штрајкот со кој и вработените во судската администрација би побарале фер третман и соодветно покачување на платата како и судиите.

Наместо тоа, најверојатно водена од желбата да не „таласа“, Кацарска и наложила на својата стручна соработничка да го минира штрајкот и да му обезбеди „простор за дишење“ на Заев и владата на СДСМ, која впрочем е задолжена за висината на платите на судската администрација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This