УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО ФОНДОТ ЗА ИНВОАЦИИ: Вработена во Фондот за иновации си добила и грант за проект!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фирмата „Стратум Рид ДООЕЛ Скопје“ , чијшто сопственик, Весна Кузмановиќ, била предложена преку проект на УСАИД да им ги пишува предлог-проектите на фирмите до Фондот за иновации, добила грант откако претходно аплицирала на јавниот повик. Листата со олеснувачи е достапна на веб-страницата на Фондот за иновации, пренесува порталот Макфакс.

Откако порталот ја контакрирал Кузмановиќ, ги потврдила сомнежите дека таа заедно со десетици нејзини колеги ги пишувала проектите за учествотот во јавниот повик на Фондот и била еден од олеснувачите.

– Каков конфликт на интерес има кога во Фондот не ни знаат кој ја пишувал апликацијата?! Вие новинарите го правите тоа. Да ги обесхрабрите најквалитетните луѓе во Македонија да аплицираат и да си одат од државата. Знаете ли тие пари шти ги дава Фондот по компанија колку можат да издржат во иновациски проект? Една година. Тоа е ништо. Само ги терате квалитетните луѓе да аплицираат по странски фондови, како што направи мојата компанија, изјавила Кузмановиќ за Макфакс.

Меѓу другото таа се закани дека ќе се исели од државата „Кога ќе ги добијам парите од Светскиот иновациски форум, ќе се иселам од државата само затоа што имаме луѓе што не може да препознаат добра идеја, од пуста злоба. Единственото нешто направено во државата е овој повик“, вели Кузмановиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This