April 26, 2024, 11:38 am

УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ: Мајката на градоначалникот на Конче спротивно на закон земала субвенции, а не плаќала закупнина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема населено место во Македонија, каде функционерите на СДСМ не ја злоупотребиле својата положба и не овозможиле противправна имотна корист за себе или за своите најблиски, рече на денешната прес конференција Цветан Трипуновски

Мајката на градоначалникот на Конче, Благој Илиев, Сузанка Илиева која има земено под закуп земјоделско земјиште со вкупна површина од 37.9 ха, земала субвенции во два наврати во вкупна висина од 403.845 денари без притоа да го има платено закупот.

СПОРЕД ИЗВЕШТАЈОТ 51-2498/18 ОД 23.08.2019 ДОСТАВЕН ОД ПЕ РАДОВИШ ЛИЦЕТО СУЗАНКА ИЛИЕВА Е ЕВИДЕНТИРАНА КАКО ДОЛЖНИК ЗА 2017 И 2018. За 2017 година закупот е платен 14 месеци откако на истата и се исплатени субвенции, а за 2018 година закупот е платен 3.5 месеци подоцна.

Кој и исплатил на Сузанка Илиева, мајка на градоначалникот на Конче субвенции без да ги има подмирено обврските кон МЗШВ!?, прашува Трипуновски.

Ова е жално. Додека земјоделците мака мачат да одвојат пари за да ги подмират своите обврски кон државата, роднините на функционерите биле толерирани. Доколку некој земјоделец доцни со плаќање на закупнината, тој не може да земе субвенции се додека не го подмири долгот кон државата, н не и мајката на градоначалникот на Конче.

Љупчо Николовски и Трајан Димковски го прекршиле законот и овозможиле на мајката на градоначалникот на Конче да и бидат исплатени субвенции, иако истата не ја платила закупнината за земјата која ја обработува. Имено согласно, член 19 став 1 од Законот за земјоделско земјиште, земјоделецот е должен да ја плати закупнината најдоцна до 31 Јули во тековната за претходната година. Министерството е должно за сите корисници на финансиски средства да достави до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој податоци за ненамирени финансиски обврски. По што Агенцијата не врши исплата.

Николовски и Димковски го прекршиле законот. Николовски и Димковски мора да одговараат за сите незаконитости. Го повикуваме ЈО и ДКСК да го испитаат случајот. Одговорност ќе има.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This