УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА НЕПОТИЗАМ ВО СУДСТВОТО: Катица Јанева во СЈО ја „вдоми“ и ќерката на Коле Штерјев, претседател на Советот на јавни обвинители

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќерката на Коле Штерјев, претседател на Советот на јавни обвинители е ангажирана во специјалното јавно обвинителство, тврдат за порталот СВЕДОКизвори од СЈО.

Порталот „Сведок“ пишува дека младата правничка, Т. Штерјева, наводно била ангажирана од Катица Јанева како волонтер, но нивните извори од СЈО, во ангажманот на ќерката на Штерјев препознаваат одлична можност за нејзино вработување, бидејќи СЈО распиша оглас за вработување на 13 соработници, од кои, најголем дел се виши јавнообвинителски советници и соработници.

-Коле Штерјев, како претседател на Советот на обвинители и е директно претпоставен на Јанева, бидејќи Советот ја избира и разрешува и пред него доставува извештаи, па ангажирањето на помладата ќерка на Штерјев се толкува како класичен пример на судир на интереси, со искористување на позицијата. Вдомувањето на Штерјева во СЈО е интересно од повеќе аспекти: прво, што нејзиниот татко има директна моќ на влијание врз обвинителството каде што е ангажирана ќерката, а второ, посебно е интересно што токму Катица Јанева од тимот на СЈО ја избрка внуката на Коле Штерјев и прва братучетка на Т.Штерјева, обвинителката Марија Ѓорѓева, пишува “Сведок“.

Целиот текст прочитајте го на „Сведок“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This