April 23, 2024, 11:35 pm

УШТЕ ЕДЕН ТЕЖОК ДЕН: За еден ден кopoнавиpycот во Италија однece 766 животи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите во Италија соопштија дека во последните 24 часа регистрирани се 766 смртни случаи од коронавирусот.

Покрај тоа, евидентирани се и 4.585 новозаразени, што е помалку во споредба со ден претходно, со што продолжува трендот на благ пад на бројот на нови случаи на инфекција.

Вкупниот број на заразени сега изнесува 119.827.

Досега починале 14.681 лице. Закрепнале 19.758 пациенти, а бројот на активни случаи е 85.388.

Италијанските здравствени власти соопштија дека кривата на заразата го достигнала својот врв и дека треба да се вложат повеќе напори за намалување на бројот на заразени.

Министерот за здравство, Роберто Сперанца, за време на говорот во парламентот предупреди на појавата на оптимизам што може да ги поткопа досегашните напори и истакна дека првите позитивни знаци не значат дека опасноста поминала.

Тој потврди дека националниот карантин, кој требаше да заврши на 3 април, ќе биде продолжен до 13 месецов.

Училиштата се затворени, повеќето продавници и фабрики не работат, јавните собири се забранети, а на луѓето не им е дозволено да ги напуштат своите домови, освен ако не мора да одат на работа, итно да поправат нешто или да одат на неопходно пазарење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This