April 18, 2024, 10:27 pm

УШТЕ ЕДЕН ТЕНДЕР ВО ЧЕТИРИ ОЧИ: Претседателот на ОО на СДСМ во Ѓорче добил тендер од општината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Општинската Организација на СДСМ во Ѓорче Петров, Влатко Цветковски кој воедно е и советник во општината, добил милионски тендер од општината Ѓорче Петров. Имено Цветковски е сопственик на човек фирмата Версус Дизајн која се занимава со кречење и со гипс која од општината добила тендер, договорен во четири очи за бојадисување на училиштата ширум Ѓорче.

 

Ова не е прв скандал во кој е вмешан Цветковски, а нашиот портал неодамна објави информација дека тој ја има вработено својата сопруга во државното претпријатие МЕПСО како копирант за неверојатна плата од 27 илјади денари. Според информациите кои пристигнаа до нашата редакција Цветковски заедно со пратеникот Костадин Ацевски се одговорни и за партиските вработувања во Ѓорче Петров, а за подобрите работни места бараат значителна парична надомест од своите сопартијци.

Колата на фотографијата е во сопственост на претседателот на ОО на СДСМ во Ѓорче Петров, поточно во сопственост на неговата фирма Версус Дизајн.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This