УШТЕ ЕДЕН CPAM ЗА ЗОРАН ЗАЕВ: Заев и Анѓушев лaжeлe дека ја донеле „Гересхајмер“ како инвестиција во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата германска инвестиција која денес беше промовирана во Македонија, на чие отварање присуствуваше и Зоран Заев, заедно со Кочо Анѓушев, а не е фабриката на „Фолксваген“ како што пред неколку дена лично од премиерот беше излaжaнa македонската јавност, е фабриката „Гересхајмер“

Иако Заев и Анѓушев се обидуваат политичките поени за оваа инвестиција да си ги препишат на себе, од извори во дипломатските претставништва од каде што доаѓа оваа инвестиција, дознаваме дека од „Гересхајмер“ всушност сами побарале, уште минатата година средба со претставници од Македонија.

Од она што го дознаваме, од „Гересхајмер“ најверојатно контактирале со германската амбасада во Македонија, од каде барале да бидат обезбедени состаноци со релевантни претставници на Македонската влада, а не обратно. Што би се реколо, тие ја нашле Македонија, а не Македонија нив.

„Гересхајмер“ биле во потрага во земја со ниски трошоци за производство (плати, даноци, придонеси, електрична енергија), и земја која што дава субвенции. Пакет, кој всушност го понуди претходната владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од македонска страна пак, веднаш ги прифатиле барањата на германската амбсада за средба со претставници од „Гересхајмер“, и им го понудиле „Бунарџик“ како локација за изградба на производствен погон. Дополнително, како што дознаваме, вицепремиерот Анѓушев првично нeгoдувaл на ваквата најава за инвестиција бидејќи постоело шанса да му бидат одземени работниците кои во овој момент работат за мизepни плати во компанијата „Брако“.

Ова е уште еден пopaз за економската политика на Заев, која во последните две години некако се крепи благодарение на политиката и инвестициите кои ги донесе минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ. Како што кажа и самата гувернерка на НБРМ, Македонија е во позитивна нула благодарение на тие инвестиции.

Впрочем, 2/3 од вкупниот инвестициски капитал минатата година бил токму од реинвестирањето на добивката на компаниите кои влегле во Македонија во изминатите десетина години.

Самка Ибраимовски, Љубе Бошкоски, Шапуриќ воопшто не биле вклучени во процесот на носењето на „Гересхајмер“ во Македонија. И кога би сакале, не знаат јазик.

Инаку, екс-премиерот Никола Груевски од Будимпешта во интервју за „Инфомакс“ објасни дека инвестициите кои доаѓаат во овој период се „работени“ од претходната влада, а најави и нова инвестиција во државава.

 

ГРУЕВСКИ НАЈАВИ НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: ,,Магна” ќе отвори погон за производство на автомобилски делови во Охрид

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This