УШТЕ ЕДНА ЖРТВА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР: Продолжува урбаниот и сообраќаен хаос во Центар под власта на СДС – уште еден човек го загуби животот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува сообраќајниот и урбаниот хаос во Дебар Маало. Најнова жртва на ваквото хаотична состојба е шеесет и осумгодишниот Мијалчо Тодоровски кој вчера трагично го изгуби својот живот откако врз него паднал потпорен ѕид

Но, ова не е единствениот случај со трагични последици во овој дел на Општина Центар. Пред околу 3 недели почина жена која беше прегазена од комбе за достава кое возело во рикверц. Да биде трагедијата поголема во овој случај тоа се случило токму пред училиштето Коле Неделковски кое е во непосредна близина.

Иако се покренувани купишта иницијативи од невладини организации за хаосот што се случува во Дебар Маало околу паркирањето и издавањето на градежни дозволи тоа од општинските власти беше игнорирано на секаков можен начин. Една од надлежностите што ги има Општина Центар во последниов случај е да се грижи за безбедноста на сите граѓани кои гравитираат на нејзината територија. Но општинската власт предводена од СДСМ во последниве неколку години со назначувањето на неспособни кадри кои единствена цел им е личното богатење почна значително да се одразува врз квалитетот на живеење на жителите на Центар.

Она што видовме во последните години беше сензационалистички затварања на градилишта од страна на Општинскиот градежен инспектор кој единствена цел му беше селективниот пристап наместо целосна грижа за сите отворени градилишта на територијата на Центар. Ваквата неспособност видовме дека доведува до трагични последици.

Граѓание се свесни за ваквите штетни и катастрофални политки. Сведоци сме на тоа како жителите на Центар до сега неколку пати протестираа за поквалитетен живот, слобода на движење како и стопирање на сите градби во Дебар Маало. Од ваквите барања не произлезе апсолутно ништо. Се тече но ништо не се менува. Но сепак локалните избори се оние на кои граѓаните треба да се изјаснат за што и како сакаат да им биде нивниот живот. Изборот е едноставен. Центарци мора да го направат правилниот избор а тоа е да ги казнат овие политики кои оставаат последици по нивнот живот и животот на најблиските.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This