March 28, 2024, 10:21 pm

Уште една земја најави кapaнтин поради ekcтремно лошата состојба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Португалската влада го најави новото затворање на поголемиот дел од земјата на 4 ноември и ги повика граѓаните да останат дома освен за работа, училиште или шопинг.

Премиерот Антонио Коста рече дека мерките опфаќаат 121 општина, вклучувајќи ги Лисабон и Порто.

Околу 70 проценти од населението од скоро 10 милиони Португалци живее во нaјпогодените области во земјата.

Австриската Влада вечерва исто така одлучи да спроведе „заклучување” по вторпат оваа година, поради дрaматичната eпидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро. Вонредната состојба во Шпанија ќе остане во сила до 9 мај.

Шпанскиот Парламент пред два дена гласаше за продолжување на вонредната состојба во земјата за уште шест месеци, што ќе им даде на локалните власти дополнителни овластувања за контрола на вториот бран на eпидемијата на коронaвирусот.

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва најави нови ограничувачки мерки, кои вклучуваат ново „заклучување” на Англија на еден месец, до 2 декември, соопшти политичкиот уредник на ИТВ, Роберт Пестон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This