Уште една кралска венчавка: Се мажи внуката на кралицата Елизабета, а кога ќе дознаете што работи младоженецот ќе останете зачудени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Датумот за венчавката на принцезата Јуџин наближува и во медиумите веќе се шпекулирана за приближна сума за раскошната прослава, на која се поканети 850 гости.

Според медиумите, венчавката на внуката на кралицата Елизабета Втора ќе чини речиси два милиони фунти. Колачот, на пример, е со цена од 1.000 фунти. Тие, исто така, ангажирале добро познат оперски изведувач за соодветен надомест.


Младоженецот и невестата ќе пристигнат во катедралата со отворена кочија и затоа се предвидени сериозни трошоци за обезбедување. Со ждрепка се избрани 1.200 лица, на кои ќе им биде дозволено да стојат во околината на катедралата „Сент Џорџ“, за да ги видат во живо гостите на свадбата и младоженците. Меѓу оние што беа поканети на церемонијата се Ед Ширан, Роби Вилијамс, Џорџ и Амал Клуни.

За споредба, цената на свадбата на Меган и Хари, која исто така беше во катедралата „Сент Џорџ“, чинеше „скромни“ половина милион фунти. Но, тие имаа помалку од 250.

Принцезата на Јорк, Јуџин е ќерката на принцот Ендрју – третото дете на кралицата Елизабета Втора и Принцот Филип, односно, таа е прва братучедка на принцот Хари и принцот Вилијам.

Младоженецот Џек Бруксбанк е поранешен бармен и актуелен вински трговец. Тој и понудил брак на принцезата за време на нивниот одмор во Никарагва. Тие се заедно од 2010 година, кога ги запознал заеднички пријател.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This