УШТЕ ЕДНА КРИВИЧНА ЗА НАРОДОТ: Полицијата поднесе кривична против лице кое го сомничи за поставување на експлозивна направа во Собранието!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тој е осомничен дека под работно биро во една од канцелариите поставил импровизирана експлозивна направа која се состои од петарда и боца со компримиран бутан, залепени со селотејп

talat-dzaferi-sobranie
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Л. (41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и предизвикување општа опасност.

Според информациите на МВР, пријавениот на 27 април околу 19 часот заедно со толпата влегол во Собранието на Република Македонија. Околу 20.40 часот заедно со околу 20 лица се качил на првиот кат од Собранието, по што сам влегол во две канцеларии кои се меѓусебно поврзани.

Притоа, истиот под работно биро поставил импровизирана експлозивна направа која се состои од петарда и боца со компримиран бутан, залепени со селотејп, како и уште едно парче петарда и си заминал.

На 2 мај, во 8.25 часот, вработените во канцелариите пристигнале на работните места и почнале да го средуваат нередот. Еден од вработените ги забележал петардата и импровизираната експлозивна направа на подот, по што, мислејќи дека е факел, заедно со неговиот колега ги однеле и ги оставиле до кофите за смет во ходникот.

Истиот ден околу 17 часот од страна на вработен како обезбедување во Собранието, при обиколка во објектот, била забележана импровизираната експлозивна направа, по што истиот телефонски пријавил во полиција.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This