УШТЕ ЕДНА ЛАГА НА ЗОРАН ЗАЕВ НА ВИДЕЛИНА: Ветуваше поврат на ДДВ од 15% веднаш по изборите, а сега дури 2020 можело да се помислува на такво нешто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Една од најважните мерки којашто веднаш после 11 декември ќе биде донесена од страна на Собранието и имплементирана од страна на Владата, ќе биде враќање на 15 проценти од данокот на додадена вредност, вети Зоран Заев за време на изборната кампања на предвремените парламентарни избори во 2016 година.

Но, ова е уште една изговорена лага од страна на премиерот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев. Имено, тој вчера од собраниската говорница посветена на пратенички прашања истакна дека мерката повратот на ДДВ ќе профункционира дури од 2020-та година, после 4 години од неговиот мандат.

Заев оваа мерка ја најавуваше за сите граѓани, но сега се поочигледно е дека неговата програма, наречена План за живот е само обично парче хартија без никакво значење и вредност за граѓаните, бидејќи иако ветуваше дека ќе важи за сите граѓани, Зоран Заев потенцираше дека мерката ќе се однесува само за граѓаните приматели на социјалната помош.

Покрај другите мерки за враќање на парите назад кон граѓаните, оваа мерка навистина ќе даде одлични резултати, и ќе биде за секој граѓанин во нашата Македонија, рече Заев во 2016 година при посета на Валандово.

Додека, вчера Заев изјави дека експериментот ќе се однесува само на граѓаните на социјална помош.

Експериментот ќе се однесува на сите граѓани кои се приматели на социјална помош, на сите граѓани кои имаат само еден вработен во семејството, за да можеме навистина, ем државата внимателно да ја поставиме при самиот процес, ем да дадеме шанса во овие 6 месеци за најсиромашните граѓани во државата”, изјави Зоран Заев, премиер на РМ, на вчерашната собраниска говорница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This