УШТЕ ЕДНА ЛАГА ОД ПРОГРАМАТА „ДОЈДЕ ЖИВОТ“: Заев ветуваше бесплатно здравство од 2019, а партипацијата е поскапена за 30% од 1 јануари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од самиот старт на оваа година имено од први јануари годинава се адаптираа цените на ФЗОМ кои што ги исплаќа на Клиниките за одредена здравствена услуга.

Врз основа на самата партиципација која што ја плаќаат пациентите е покачена за дури околу 20-30%, тоа значи дека пациентите ќе плаќаат поскапо. Вкупната сума по пациент што ќе ја плати како партиципација не може да помине 6.000 денари годишно.

Сето ова е спротивно од ветувањата за бесплатно болничко лекување. Да се потсетиме дека во екот на предизборието сите функционери од СДСМ ветуваа кога ќе дојдат на власт прво што ќе направат е да се воведе бесплатно болничко лекување за граѓаните на Република Македонија.

„Ќе овозможиме квалитетно јавно здравство достапно за сите, во кое што ќе работат стручни и квалитетни лекари. Ќе воведеме бесплатно болничко лекување за сите граѓани – партиципацијата ќе ја укинеме. Ќе обезбедиме достапност до матичен гинеколог за секоја бремена жена. На позитивните листи ќе има најмалку еден бесплатен лек од секоја генерика. Ќе ја прошируваме позитивната листа на лекови барем еднаш годишно“, пишуваа од СДСМ на страна 7 од „Планот за живот“.

„Бесплатно болничко лекување за сите осигуреници (Укинување на партиципацијата за болничко лекување)“ – страна 133 од „План за живот“.

-Почитувани граѓани, од вашите плати колкави и да се, од сметките што ги плаќате, преку даноците, државата зема пари за да работат институциите. Институциите морат да работат и ќе работат за вас. Клучно за секој човек е неговото здравје и здравјето на неговото семејство. Затоа се обврзуваме на квалитетно јавно здравство достапно за сите граѓани. Ќе обезбедиме амбуланти и болници според потребите на сите граѓани во сите делови на Македонија. Во јавното здравство ќе работат стручни и квалитетни лекари кои ќе се грижат за вашето здравје. За да бидат целосно посветени на вашето здравје, да ги мотивираме испланиравме двојно покачување на платите на здравствените работници до крајот на мандатот, а специјалистите ќе примаат 100.000 денари плата. Со 100.000 денари плата лекарите ќе ни останат овде во јавното здравство и ќе се грижат за здравјето на нашиот народ. Нема да барате врски за да дојдете погоре на листата на чекање кај најдобриот лекар. Затоа што во болницата нема друг. Ќе има во јавното здравство и квалитетни и стручни лекари. Но ќе има и лекови и медицински материјал, нема за завој со крвава рана да ве враќаат да си купите од аптека. За набавка на лековите нема да биде пресудно само најниската цена, таму кај што е потребно ако треба најдобриот, најквалитетниот лек ќе го обезбедиме, нека е и најскапиот ако од него зависи животот на пациентот. Ви реков болничко лекување ќе биде бесплатно за сите. За секој да може да биде болнички згрижен ако има потреба од тоа, никој да не страда, појасни Заев на митингот одржан на 2 декември 2016 година.

Но според оваа одлука на ФЗОМ што стапи на сила од 01.01.2019 година е сосема спротивна на ветувањата на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This