УШТЕ ЕДНА НАВРЕДА ОД БУГАРИЈА: Бугарски академик тврди дека дедовците ни биле Бугари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Георги Марков, бугарски академик и историчар, без да ги одбира или премерува зборовите се надоврза на бурата во Бугарија што ја предизвика македонскиот премиер Зоран Заев со изјавата дека Илинденско востание е македонско пред да се извини.

„Не му пречиме никому да се определува како Македонец, но нивната драма е тоа што дедовците им биле Бугари. Затоа, не чепкајте по гробовите на загинатите за да копате по нивните коски и да ги помакедончувате посмртно! Затоа што тоа е морален престап“, изјави за бугарскиот весник „24 часа“ директорот на Институт по историја при Бугарска академија на науките (БАН) од 1993 до 2013 година.

„До крајот на Втората светска војна историјата со Македонија ни е заедничка! И таа е бугарска историја. Колку комисии и да направиме, не постои начин да се постигне договор. Макар што знам дека политичарите го посакуваат тоа“, додава научникот што стана академик во 2008 година.

Тајниот соработник од 1981 година на Прва главна управа на Државна безбедност е категоричен и за „бугарскиот карактер“ на Илинденското востание.

„Тоа е бугарско востание според сите документи, па и странските конзули на големите држави велат дека во него учествуваат Бугари. Никаде го нема зборот Македонци“, вели Марков, според кој целта на востанието била да се исполни Берлинскиот договор за политичка автономија на Македонија и на Одринска Тракија.

„Долгорочната цел на револуционерната организација, која е бугарска, е тоа да е премин кон присоединување кон Кнежевство Бугарија. По примерот на присоединувањето на Источна Румелија кон Кнежевство Бугарија, тоа требало да се случи и со Македонија и со Одринска Тракија. Но, Османската империја и нејзините соседи знаат дека тоа не треба да се дозволи. Наместо тоа, ветуваат реформи, но, всушност, тие не се остваруваат до балканските војни“, објаснува тој.

Академикот од БАН се нафрлува и врз „скопските фалсификатори“, кои, според него, го делат востанието на Илинденско на запад од реката Места, во кое учествуваат 11.000 Македонци, и Преображенско (преродбеничко – н.з.) со околу 4.000 Бугари.

„Вистината е дека сите тие биле заедно и биле Бугари“, вели Марков

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This