Уште една паралелка од скопското основно училиште „Димитар Миладинов“ во изолација поради позитивен тест на учителката-само за 3 дена од почетокот на училишната година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ученици од ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје се во изолација, откако нивната учителка добила позитивен тест на ковид-19. Станува збор за паралелка од второ одделение, која во изолација е од денеска.
Bо очекување сме на официјални одговори кога вработените ќе успеат да најдат време да одговорат.

Ова е втор случај на изолација во ова скопското училиште, каде ученичка од деветто одделение беше пријавена како заболена на вториот ден од учебната година.

Согласно планот и здравствените протоколи по кои се постапува при организирање на наставата со физичко присуство, ако ученик развие симптоми на ковид-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот. Доколку се потврди дека ученик е заболен од ковид-19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје која итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале и потоа се носи одлука дали сите ученици во одделението ќе заминат во изолација и ќе продолжат со настава на далечина, објаснија тогаш од Министерството за образование и наука.
Царовска и Филипче очигледно дека намерно не превземаат никакви мерки за безбедноста на децата и упорно убедуваат дека се е под контрола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This