УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА ДЕКА ИМЕТО ЌЕ СЕ МЕНУВА: Сашо Ордановски објаснува дека постои договор за формула за промена на името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичкиот аналитичар Сашо Ордановски вели дека Демократската Унија за Интеграции на Али Ахмети е проблемот поради кој Македонија ќе мора да почека за брзи и длабоки реформи.

„Проблемот е што новата влада има многу мало мнозинство во Собранието а истиот албански партнер во сегашната влада е ДУИ која што беше дел од владата на Груевски и која што беше инволвирана во демократски и правни злоупотреби во предходната влада. Затоа најмалку до следната поличка „филтрација“ по локалните избори препорачувам ограничен оптимизам за брзи и длабоки реформи кои што се на евроатланскиот пат на Македонија“, вели првиот човек на организацијата Центар за стратешко истражување и документација – Форум во интервју за порталот europeanwesternbalkans.com.

Аналитичарот смета дека најголем успех за владата ќе биде да го подобри односот со соседите со главните земји членки на ЕУ како и со Американците. Според него странците се свесни дека тие се дел од проблемот со името поради толранцијата на предходната влада, затоа што не одговориле адекватно на тоа што се случувало во Македонија.

И покрај тоа што има позитивни чекори во однос на името, решението за проблемот сеуште е далеку, смета Ордановски кој има впечаток дека двете страни помогнати од дипломатијата на САД и ЕУ работат на формула со цел Македонија да стане членка на НАТО во 2018 година.

Во тие активности има конкретни обврски во смисла на содржина и динамика со цел да се дојде до решение во блиска иднина. Според него ваквиот договор не и е познат на јавноста но има индикации дека тоа се случува.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This