April 19, 2024, 10:59 pm

УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА ЗА ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА: Бујар Османи во интервју потврди дека коалиција помеѓу победници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервју за Гласот на Америка, Бујар Османи од ДУИ нагласи дека треба да се почитува принципот за коалиција меѓу партии кои освоиле најмногу гласови, како во македонскиот, така и во албанскиот блок. Тоа, во политички превод, би значело коалицирање со досегашниот партнер во владата, ВМРО-ДПМНЕ

nova-fasada-na-vlada-3
Нови раздвижувања во политичките и во медиумските кругови предизвика денешната изјава на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, кој во интервју за Гласот на Америка на албански јазик, меѓу редови најави коалиција со победничката македонска партија од изборите на 11 декември. Тоа, во политички превод, би значело коалицирање со досегашниот партнер во владата, ВМРО-ДПМНЕ.

Во интервјуто за Гласот на Америка, Османи нагласи дека треба да се почитува принципот за коалиција меѓу партии кои освоиле најмногу гласови, како во македонскиот, така и во албанскиот блок.

gruevski_ahmeti_vlada

– Мислам дека тоа што доминира на сцената е почитување на потпишаните договори. Македонија во минатото постоела како таква само почитувајќи ги меѓународните договори. Еден од нив е Мајскиот договор од 2007 година, во кој се вели дека победникот кај албанската заедница го избира партнерот – победник кај македонската заедница. Почитувањето на овој принцип е многу важен, за да се зачува важноста што ја има албанската заедница и за да се зачува логиката која ја имаат изборите кај самите Албанци – вели Османи.

Мајскиот договор во 2007 година беше донесен откако ВМРО-ДПМНЕ, после изборите во 2006 година се одлучи да коалицира со ДПА, иако тогаш ДУИ имаше освоено повеќе гласови кај Албанците. После тој договор, коалицирањето продолжи со ДУИ, односно со партијата која има освоено најмногу гласови во албанскиот блок.

bujar
Принципот на коалицирање победник од македонската страна, со победник од албанската страна, не е уставна одредба. Сепак тоа е договор во кој се остава простор на самите партии да одлучат со кого ќе коалицираат при составувањето на владата.

Рокот составување Влада е 29 јануари, до кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, треба да се изјасни дали има доволно мнозинство во парламентот што ќе го поддржи неговиот предлог за новиот владин состав.

ivanov-gruevski-mandat-640x279
Од друга страна, пак, СДСМ и натаму продолжува со реторика во која најавува проекти како да ќе ја добијат власта.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This