УШТЕ ЕДНО ОДЛОЖУВАЊЕ: Поради сомнежите во АКМИС-от нова пауза и одложување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер Никола Груевски, на рочиштето за неговата жалба во врска со случајот „Тенк“, по три барања за изземање на Судечкиот совет, в.д. претседателот и заменикот на Апелација, извади лист од џебот и прочита дека на некои информативни портали излегла информација за сомнежи во АКМИС-от при изборот на Судечкиот совет – пренесе 1ТВ

Тој побара и Судскиот совет и Врховниот суд да се позанимаваат со овие сомнежи, а судијката Цветанка Периќ одобри уште една пауза од 10 минути.

Според судијката Периќ АКМИС системот не може да претставува причина за оштетеност на судиите. Седницата продолжи со читање на пресудата од страна на судијата известител. Поради обемноста на предметот претседателката на судечкиот совет рече дека ќе ја прекине расправата и ќе закаже друг термин за продолжување на седницата.

Претходно, Инфомакс објави информација и видео кое ги разгоре сомнежите во АКМИС системот.

КАРАМБОЛ ВО СУДОТ: Прибе е нарачка, АКМИСОТ оправдување, системот на распределба на предмети разбиен!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This